Џафери: Не го прекршив Уставот во Брисел

by fokus

Претседателот на Собранието Талат Џафери вели дека не го прекршил Уставот со обраќањето на албански јазик на Комитетот за надворешни работи во Брисел во рамки на Самитот „Европски парламент – Западен Балкан“.

-Го користев моето природно право, вродено како и на секој човек во земјава. На било кој јазик да зборував јас го претставував Собранието на Северна Македонија во најдбро можно светло – изјави Џафери на ТВ 24.

Тој тврди дека Уставот е флексибилен и не попречува и ограничува користење на природно право, како што, според него, е и користење на мајчиниот јазик на меѓународно ниво.

-Јас таму го претставував собранието и државата – рече Џафери, додавајќи дека неговото право е да го користи јазикот што го знае најдобро.

Поврзани новости