Респираторни инфекции кај 50 деца во Гевгелија

by fokus

Изминатиов месец во болницата во Гевгелија, лекарска помош побарале 50 деца и бебиња со симптоми за респираторни инфекции, неспецифични за овој период од годината.

Затоа, како што информира Министерството за здравство, во текот на утрешниот ден тим од Клиниката за педијатрија, во состав Аспазија Софијанова, Весна Мицевска и Валентина Јовановска-Огненовиќ, ќе бидат упатени во ОБ Гевгелија, за поддршка на педијатрите и евентуални дополнителни испитувања во делот на специфична дијагностика.

„Во мометов во болницата во Гевгелија хоспитализирани се само само две бебиња, поради возраста, а 20-тина деца се на терапија, но истите не се задржани во болница. ОБ Гевгелија досега ги има преземено сите здравствени протоколи за третман на младите пациенти, но поради неспицифичноста на самите инфекции кои се појавиле во топлиот период, а карактеристични се за есен и зима, потребни се дополнителни анализи и по завршувањето на истите јавноста ќе биде информирана“, велат од МЗ.

Поврзани новости