Џафери му возвраќа на Села: Каменот за 27 април стои каде што беше поставен минатата година

by Фокус

Од кабинетот на претседателот на Собранието Талат Џафери ги негираат обвинувањата изнесени од Алијанса за Албанците, истакнувајќи дека каменот со натписот „27 април 2017 година“ стои на истото место каде бил поставен минатата година.

Претходно, на годишнината од настаните од 27 април, потпретседателката на АА, Бујаре Абази, изјави дека на овој датум минатата година заедно со Џафери поставиле камен со натпис „27 април 2017 година“ како симбол на соборување на режимот, но дека тој уште не е поставен пред Собранието.

–Претседателот на Собранието, Талат Џафери, кој беше избран токму на овој ден, вети дека овој камен ќе го постави на влезот на Собранието, за да го одбележи овој ден. И после една година, не се знае каде заврши тој камен, па затоа сакаме да знаеме каде остана ветувањето на Талат Џафери, и зошто каменот не е поставен на влезот на Собранието – рече Абази.

Поврзани новости