Удрил во малолетничка на велосипед, па побегнал од лице место

by Фокус

На локалниот пат с. Пласница-Македонски Брод, кај мсноста „Курикамења” се случила сообраќајна  незгода во која возач во возило со засега непознати регистарски ознаки удрил во С.Џ. (12), која управувала велосипед. Како што информираат од полицијата, возачот не застанал за да му даде прва помош на настраданото девојче, туку побегнал од местото на настанот.

На малолетната С.Џ. и е укажана помош во Медицински центар Кичево, а потоа и во Медицински центар Битола, каде и се констатирани тешки телесни повреди. Увид на лице место извршила екипа од Полициската станица Македонски Брод и се работи на расчистување на случајот.

Поврзани новости