Алијансата го прашува Џафери: Каде е каменот што го симболизира падот на режимот Груевски-Ахмети?

by Фокус

Алијанса за Албанците денеска го праша претседателот на Собранието, Талат Џафери, каде е каменот-симбол на 27-ми април 2017 година, кој, според партијата, важи за денот кога бил соборен 10-годишниот режим Груевски-Ахмети.

„Пред една година, на ова место на влезот на Собранието поставивме камен со натпис: ’27-ми април 2017 година’, кој го симболира денот кога се случи историскиот пресврт и беше соборен режимот. Претседателот на Собранието, Талат Џафери, кој беше избран токму на овој ден, вети дека овој камен ќе го постави на влезот на Собранието за да го одбележи денот. И по една година не се знае каде заврши тој камен, па затоа денес јавно го прашуваме – каде остана ветувањето на Талат Џафери и зошто каменот не е поставен на влезот на Собранието“, прашуваат  од Алијансата за Албанците.

Од партијата на Зијадин Села додаваат дека каменот е симбол на жртвуваноста и исчекорувањата на земјата кон НАТО и ЕУ, заштитувајќи ја демократијата и нејзините вредности.

Поврзани новости