Џафери: Многу мајчини солзи се лееле за да се доживее сонот од 8 Септември 1991 година

by Fokus

Претседателот на Собранието, Талат Џафери денеска се обрати пред Меморијалниот центар „АСНОМ“ – Пелинце по повод празникот Илинден.

Тој истакна дека многу мајчини солзи се лееле во минатото за да се доживее сонот на 8 Септември 1991 година, кога Македонија стана независна држава

„Чест ми е што денес стојам пред вас како претседател на Собиранието и имам привилегија да ве поздравам, тука пред Меморијален центар АСНОМ во Пелинце. Денеска ги славиме двата Илиндени, двата столба врз кои се темели државотворноста на државата. „Сите сме деца на Илинден“ е вистински концепт кој ги опишува заедничките вредности кои не поврзуваат, не прават горди и сплотени граѓани. Низ години, не било ниту е ниту ќе биде лесно. Ова парче земја не било надвор од глобалните случувања.

Ако ги погледнеме, многу знајни и незнајни јунаци ги дале животите, многу мајчини солзи, но и многу тажни песни и преданија, се пренесуваат од генерација на генерација, за сонот да живее. Тој сон се оствари на 8-Септември 1991 година. Полни 28 години самостојна драва, секоја година со нови предизвици, но сепак сите заедно успеавме да ги надминеме и да ги оствариме нашите цели. Процесот се уште не е заокружен, а исто се однесува и на интеграцијата во НАТО сојузот. Минатите две години се најжешките години во историјата во Македонија. Беше период на државнички одлуки кои го деблокираа патот кон интеграциите“, истакна Џафери од Пелинце.

Поврзани новости