617
Само што започна, спикерот Талат Џафери ја прекина седницата на чиј дневен ред беше законот за јавно обвинителство.
За збор се пријавија 30тина пратеници, а Џафери рече дека секогаш бил човечен и седницата ќе продолжи утре во 11 часот.
-Цел ден ми пишувате пораки дека сте изморени и ми се жалите на Фејсбук. Да знаете дека јас не работам преку Фејсбук. Секогаш сум бил човечен. Бидејќи се пријавија 30тина за збор, тука ја прекинувам седницата и ќе продолжиме утре во 11 часот, рече Џафери.