Николовски: Има реална можност да направиме ново мнозинство и влада која ќе организира редовни избори

by fokus

Генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски вечерва најави дека постои реална можност тие да направат ново парламентарно мнозинство и нова влада, која нема да оди на предвремени избори, туку ќе организира редовни, доколку се оневозможи гласање на законот за обвинителство.

-Доколку во Собранието се продолжи со тактизирање и ако на кој било начин се оневозможи гласање на важните закони, а особено Законот за јавно обвинителство, Изборниот законик, Законот за одбрана, разрешувањето на Мизрахи…, во тој случај постои реална можност ние да направиме ново парламентарно мнозинство, а потоа и нова стабилна влада која ќе организира редовни парламентарни избори. Северна Македонија нема да биде заложник на партиски и криминални интереси, правната држава и европската иднина се приоритет на граѓаните и за тоа ќе се бориме до последниот атом, порача Николовски преку Фејсбук.

Поврзани новости