Седницата започна, Џафери им порача на пратениците дека ако им се спие, може да одат да спијат

by fokus

Со еден час задоцнување, седницата за законот за јавно обвинителство конечно започна. Пратеникот Никола Мицевски се побуни дека надвор од секоја логика е седницата за започне во 22 часот, а пратениците цел ден да чекаат во Собранието.

-Цен ден не започнува седницата за да се уценуваат пратеници. Ова што го правите сега и изминативе три години, граѓаните го гледааат и на 12 април ќе бидете казнети за сите овие непринципиелни работи. Дали оваа седница треба да почне во 22 часот, кога цел ден сме овде во Собранието? Да се малтретираат пратниците цел ден, за седницата да почне во 22 часот е надвор од секоја логика, рече Мицевски.

На ова спикерот Џафери му одговори дека Собранието не работи во логика, туку по Устав.

-Собранието е во постојано заседавање. Ако ви се спие, можете и сега да одите и да спиете, рече Џафери.

Поврзани новости