622
На денешната собраниска седница парламентот ја прескокна 12-тата точка од дневниот ред која предвидува измени во Изборниот законик со цел членовите на Државната изборна комисија да се бираат со апсолутно мнозинство од 61 пратеник, наместо двотретинско.
Како што образложи собранискиот спикер, точката се прескокнува, затоа што се уште трае лидерската средба во Клубот на пратеници.
-Имајќи предвид дека се уште траат разговорите предлагам да поминеме на наредна точка, па да се вратиме доколку има решение по прашањето. Го ставам предлогот на гласање – рече Џафери.
За овој предлог гласаа 78 од пратениците, немаше гласови против и немаше воздржани. Немаше барања за процедурални забелешки или противења од страна на опозицијата.