Известување од Парламентот стигнало денеска попладне во Кривичниот суд, според информации оттаму, во кое е посочено дека не биле создадени услови за одземање на имунитетот на поранешниот претседател на парламентот Трајко Вељаноски, објави весникот Независен. Иако поминаа неколку седмици откако беше прекината и седницата за одземање на пратеничкиот имунитет на поранешниот министер за земјоделство Љупчо Димовски, судот исто така денеска попладне бил известен дека нема одлука по барањето за определување притвор за пратеникот на СПМ.
Известувањата треба да му бидат предадени на судијата Седат Реџепагиќ, кој е судија на претходна постапка за овие две истраги на Обвинителството за организиран криминал. Судијата Реџепагиќ изјави вчера за „Независен весник“ дека постапките во парламентот во однос на имунитетот на пратениците не го спречуваат текот на истрагите, кои продолжуваат, а осомничените се обврзани да се јавуваат на распит. Тој посочи и дека во Кривичниот законик и во Законот за кривична постапка не се предвидени механизми како може да се постапи во случаи кога парламентот нема да донесе одлука по барање на судот за одземање имунитет на пратеник.