Џафери демантира дека постои одлука за негова оставка од вицепремиерската функција

by Фокус

Вицепремиерот Муса Џафери за Плус инфо вели дека не  е точно оти тој или кој било друг член на владата од редовите на ДУИ е планирано да си поднесе оставка во рамките на реформите во партијата што ги најави лидерот Али Ахмети.

– Не знам од каде сега излегуваат овие шпекулации. Оваа тема воопшто не е разговарана во партијата, нема такви размислувања, сите членови на ДУИ остануваат во Владата – вели Џафери.

Фокус објави дека вицепремиерот Муса Џафери најверојатно ќе поднесе оставка на својата владина функција.

Постојат две опции за повлекувањето на Џафери од вицепремиерската функција. Првата е, оставката да се случи во текот на оваа недела, со именувањето на новите министри и заменици министри од СДСМ,  а втората опција е Џафери да си замине во декември, кога од премиерската позиција ќе си замине Никола Груевски.

Поврзани новости