Џафери – Брнз: Со фер изборен процес ќе се зацврсти демократскиот капацитет на државата

by Fokus

Актуелната политичка ситуација во земјава и планираната динамика на работата на Парламентот во периодот до распишувањето на претстојните предвремени парламентарни избори биле теми на денешната средба на претседателот на Собранието Талат Џафери и амбасадорката на САД во земјава, Кејт Мери Брнз.

– На средбата беше потенцирана потребата од имање законски и фер изборен процес, со кој и понатаму ќе се потврди и зацврсти демократскиот капацитет на државата, соопшти Кабинетот на Џафери.

Во однос на НАТО, американската амбасадорка, како што посочува Кабинетот, потврдила дека се прават сите можни напори да се заокружи процесот на ратификација на Протоколот за членство во Алијансата за да бидеме 30-та полноправна членка.

– Претседателот Џафери на тоа потенцираше дека нашата земја останува доследен стратешки партнер на САД, се наведува во соопштението.

Поврзани новости