853
На забелешката дека некои пратеници не доаѓаат редовно на седници односно доаѓаат само за гласање, немаат обраќања и земаат плата, меѓу кои и лидерот на ДУИ Али Ахмети, претседателот на Собранието, Талат Џафери во гостувањето во Студио 10 на ТВ 24, тврдеше дека тој доаѓал на седници.
– Доаѓа Али Ахмети, зошто не доаѓа. Ќе дојде да гласа. Немате право да му се мешате на пратеникот дали ќе говори или не, рече Џафери, додавајќи дека Ахмети бил редовен и најдисциплиниран од сите нив.