Шахпаска: Нема внатрешно ширење на вирусот меѓу децата

by Fokus

Состојбата поврзана со пандемијата предизвикана од корона вирусот во градинките е стабилна. Според податоците со кои располагаме, се покажа дека со почитување на мерките и протоколите се спречува внатрешно ширење на вирусот. Минатиот петок се забележани 34 нови позитивни вработени и само осум позитивни деца, изјави денеска министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска. 

Тврдењето дека состојбата е стабилна, како што рече, го темели на основа на сите досегашни податоци од отворањето на градинките.

-Пред фактите и бројките и боговите молчат. Во петокот имавме 34 нови позитивни вработени. Ако ви кажам дека бројката во претходните недели се движеше 58, 56 што значи скоро е преполовен бројот на позитивни и само осум нови позитивни деца. Стабилна е состојбата. Ширењето на инфекцијата меѓу децата во градинките досега не постоело и бројките одговараат на вкупната епидемиолошка состојба во државата, рече Шахпаска одговарајќи на новинарско прашање по увидот на изградбата на детска градинка во Драчево. 

Поврзани новости