Фатен е притвореникот кој утрово избега од пред Кривичниот суд, се криел во јама

by fokus 13:02
13:02

Притвореникот, кој утрово избега од пред Кривичниот суд, набрзо бил фатен, во близина на МНР, појаснува Филип Андов, директорот на затворот „Скопје“.

-По кратка потера, во кординација со МВР, обвинетиот бил фатен, и однесен во станицата Беко. Тој бил со лисици на рацете, а пред судот турнал еден од чуварите и избегал. Набрзо бил најден во јама, во близина на МНР, изјави Андов за „Фокус“.

- Advertisements -

Имено се работи за обвинет кој бил спороведен во судот на рочиште по предмет поврзан со кривичното дело – Криумчарење мигранти.

В.В.

Поврзани новости