Џабе чистењето: „Шарам, слобода барам“

by Фокус

Откако вчера екипи испратени од градските власти го исчистија споменикот на паднатите херои во Жена парк, при што им помагаа и симпатизери на власта кои „спонтано“ се собраа на повеќе места да ги чистат спомениците обоени како знак на револт од Шарената револуција, денеска овој споменик повторно беше зафатен од шарениот револт.

Во моментите кога демонстрантите од Собранието се упатуваа кон Министерството за надворешни работи, со пушки на вода, но наполнети со боја, повторно беше обоен споменикот во Жена парк. На него беше испишано и „Шарам, слобода барам“.

padd paddd

Поврзани новости