Девојчето со дијабет се разбуди од кома, заменик минисерот за здравство ги обвинува родителите

by fokus

Заменик министерот за здравство, Асим Муса, вели дека е пропуст на родителите задоцнето откривање на дијабет кај трите деца кои се хоспитализирани на КАРИЛ и на Детска клиника. Според него невистинити се обвинувањата дека медицинските лица, матичните доктори и стручниот кадар во болниците не успеале навремено да ја утврдат дијагнозата.

Од КАРИЛ денеска соопштија дека е во добра состојба 14-годишното девојче кое беше во кома. Состојбата е подобрена, а инсулинот велат од таму повеќе не се дава интровенозно.

-Бев во посета и го видов девојчето на КАРИЛ. Таа е во стабилна состојба, се подобрува, при свест е. Сакам да потенцирам дека сите три случаи се новооткриени. Дијабетот им е откриен кога прв пат отишле на лекар. Ништо не е пропуштено и се е согласно правилата. Бидејќи деца со дијабет се третираат на клиниката за детски болести тие се навремено упатени во соодветните установи. Не е вистина дека се несоодветно лекувани и дека е закаснето со лекувањето – рече заменик министерот.

Како што рече тој, дијагнозата им е одредена во матичните болници, од каде се препратени на Клиника.

-Децата се донесени од дома во тешка состојба, тоа е пропуст наодителите. Децата не биле неколку пати шетани по болници и лабаратории – додаде тој.

Од Државниот санитарен и здравствен инспекторат информираат дека ќе се изврши надзор во општите болници каде биле примени децата, пред да бидат препратени на Клиника. Извештајот на инспекцискиот надзор ќе утврди дали имало пропуст во постапката.

Поврзани новости