Девојче паднало во Вардар откако го бркале кучиња, екипи го пребаруваат теренот

by fokus

Екипи на полицијата, Дирекцијата за заштитата и спасувања и пожарникари започнаа потрага по девојче кое паднало во водите на Вардар во Гостивар.

Според првичните информации, девојчето околу 19 часот во близина на гостиварската болница било нападнато од глутница кучиња. Најверојатно во паниката од нападот тоа побегнало кон едниот брег на Вардар и паднало во водата. Набрзо потоа граѓани пријавиле во полициска станица Гостивар од каде е организирано пребарување на коритото на Вардар.

Екипи го пребаруваат теренот по течението на Вардар до селото Балиндол.

Засега не е познат идентитетот ниту возраста на девојчето, а во меѓувреме од ЕЛЕМ е побарано да го намали нивото на водата за да биде полесно пребарувањето кое сé уште е во тек.

Поврзани новости