Мицкоски го информирал Соботка за „политичкиот прогон кој го спроведува власта“

by fokus

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска заедно со потпретседателот Александар Николоски и членот на Извршниот комитет, Влатко Ѓорчев се сретна со претседателот на националниот совет на Австрија, Волфганг Соботка.

-На средбата го информирав господинот Соботка за политичкиот прогон кој го спроведува власта, преку монтираните случаи и злоупотребата на институциите. Посочив дека однесувањето на власта кон политичките противници е далеку од западните и европски вредности кон кои се стреми Македонија. Ја потенцирав и влошената економска состојба во Македонија која е резултат на неспособноста на актуелната власт. Стандардот на граѓаните е во континуиран пад, реализацијата на капиталните инвестиции е катастрофална, а владата не може да обезбеди економски раст. Разговаравме и за реформските приоритети кои се важни за членството во ЕУ и НАТО, објави Мицкоски по средбата.

Поврзани новости