Аниса Ајро од Скопје, 12-годишна ученичка во седмо одделение е исчезната од вчера. Семејството во очај трага по неа, и случајот бил пријавен во полиција.
За „Фокус” таткото на девојчето, Енгин, во очај раскажува за настанот.
Вели дека целото семејство е собрано, не знаат каде да се обратат за помош и се презагрижени.
-Вчера ја видов последен пат, рано наутро, пред да одам на работа. Таа се подготвуваше да оди на училиште. Носи црна јакна и кафеави панталони, висока е околу 163 сантиметри. Замина на училиште и потоа не се врати дома.
Од она кое го знаеме до сега, девојче кое не и е другарка, повозрасно од неа околу две години, дошло за време на наставата и ја викнало. Најверојатно кажала некоја лага, па ќерка ми ја пуштиле да оди со неа.
Од тој момент ние не знаеме што се случило, каде заминале, каде е одведена ќерка ми – вели Енгин.
Додава дека Аниса била многу мирно и повлечено девојче. Сите во семејството биле доста блиски, таа немала тајни пред нив и била типична тинејџерка. Никогаш во минатото не се случило нешто слично.
-Имам информации дека родителите не девојчето кое ја однело некаде ќерка ми се повикани на разговор во полиција. Јас со нив немам контакт, не ми беше дозволено сам да ги прашам каде е Аниса. Не знаеме каде да бараме, што да правиме за да си го вратиме детето дома! Го молам добриот народ да помогне. Било кој ако ја види, веднаш да повика полиција, да ја задржи! Нека ми се јават и мене на 072 232 983 – апелира очајниот родител.
Вики Клинчарова