Падна мал авион во Пула, има двајца загинати

by Fokus

Во Хрватска, во близина на Пула, паднал мал авион, при што најверојатно загинале двајцата патници.

Како што дознава Istra24, денеска околу 13 часот, на аеродромот во хрватскиот град се случил инцидент со приватен авион.

Неофицијално се дознава дека авионот, полн со гориво, паднал при полетувањето и дека во несреќата загинале двајца.

Наводно се работи за странски државјани, сопружници.

Авионот имал германски ознаки, се претпоставува дека се работи за германски државјани.

На местото на несреќата има екипи на брзата помош и пожарникари.

Поврзани новости