Во вооружен напад во Индијанаполис, САД, се убиени најмалку осум луѓе. Нивните тела се пронајдени во близина на меѓународниот аеродром во главниот град на американската сојузна држава Индијана, соопшти полицијата.
Според првичните сознанија, напаѓачот извршил самоубиство. Во нападот извршен во објект на фирмата за доставување пакети Федекс има и голем број повредени.
Полицијата ја претресува зградата на Федекс и го претресе домот на осомничениот напаѓач, барајќи мотив за масовното пукање.
Напаѓачот е идентификуван како 19-годишниот Брендон Скот Хол од Индијана, соопштија официјални лица за АП.
Истражителите го претресувале домот на Хол во Индијанаполис при што се пронајдени докази, како што се компјутери и други електронски уреди.
Се уште не е откриен мотивот на напаѓачот, кој отворил оган врз луѓето на паркингот, а потоа влегол во зградата и продолжил да пука.
Потоа, внатре во зградата тој се самоубил.