Истрагата за случајот со фалсификуваните пасоши ќе се проширува

by Фокус 21:52
21:52

Никој нема да биде заштитен и лицата ќе бидат изведени пред лицето на правдата, но има уште многу работа, а дел од работата треба да завршат другите органи, изјави вечерва државниот обвинител Љубомир Јовески за предметот „Двојник” со издавањето на нелегални пасоши. Тој истакна дека обвинителството ќе ја прошири истрагата за предметот.

-ОЈО Скопје по поднесувањето на обвинението до МВР побара дополнителни известувања за начинот на организација на издавањето на овие патни исправи, за лицата кои постапуваат по тоа, за информациониот систем итн. Најпрво треба да се утврди кои лица имале допир со овие документи, кои лица може да ги креираат овие документи, како е поставена целата служба, кои какви задачи и овласувања има во таа служба, кој ја носи одговорноста за функционирањето на таа служба и дали тоа постапување било во рамки на прописите кои го регулираат внатрешното работење на МВР – рече Јовески на Телма.

- Advertisements -

Во однос на оценката на Стејт Департментот за доцнењето со работата на Обвинителството за некои предмети, Јовески рече дека податоците во извештајот се објективни и дека веќе разговарал со раководителите на обвинителствата за надминување на слабостите.

Поврзани новости