491
Ефективна казна затвор за деветмината граѓани кои лани беа осудени на условни казни за насилството на 27 април, што се случи во Собранието, одлучи Апелациониот суд. Ова значи дека второстепениот суд, по поднесена жалба од Обвинителството, ја преиначи одлуката на Кривичниот суд, кој по признанието на насилството им досуди условни казни.
Меѓу осудените највисока казна доби Димче Христовски викан Жабата кој беше осуден на една година и шест месеци условен затвор. Сите останати беа осудени на по 6 месеци затвор ако во следната година и пол направат кривично дело.