Заев до Јовановски: Вие најдовте да зборувате за патриотизам, што баравте пари од мене и спиевте по коцкарници

by fokus

Откако пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Крсто Јовановски, го обвини Зоран Заев за предавство на денешната собраниска седница на пратенички прашања, премиерот во својот одговор му рече дека тој нема морално право да навредува.

-Вие со сите ваши аморални аспекти се дрзнавте да користите безобразни дрски зборови и недозволива навредливост во парламентот. Во Струмица од мене земавте пари. Треба да ми бидеш благодарен. Спиеше по коцкарници, одеше на и на други места и беше срам за Струмица. Вие се повикувате на патриотизам. Вие што ја опљачкавте Македонија со 5 милијарди евра – му рече Заев на Јовановски.

Како што рече премиерот во препораката за отпочнување датум за преговори стои јасно дека мора да се расчисти со криминалот кој го извршил партијата на Јовановски.

-Тоа се сите судски процеси што се за вашето бившо високото раководство и вие најдовте да зборувате за патриотизам. Колку и да сте глумец, и вашата реторика е актерска, тоа не ви го дава за право. Македонија конечно има шанса да одлучи каква иднина посакува. Македонија ќе ја има ако граѓаните застанат зад референдумското прашање. Конечно сме признати, како држава и како нација. Со овој договор ја исполнивме веквната аспирација на нашите претци, да имаме држава. До сега бевме понижени, сега имаме признавање на националниот идентитет – рече Заев.

Поврзани новости