Општинска организација Црвен Крст Неготино и Клубот на млади при ООЦК Неготино организираат хуманитарен концерт со цел да се соберат донации за малата Николија Динова, односно 9-месечно бебе кое боледува од голем “Porenzephaler” дефект на мозокот и мозочни грчеви кои секојдневно се влошуваат.
Потребно е лекување во Германија за кое се потребни големи финансиски средства. На хуманитарниот концерт ќе настапат К.У.Д. Ацо Ѓорчев Неготино, Клуб за модерен балет и Зумба танцова формација Зик-Зак Неготино, Основно музичко училиште Владимир Арсовски, и солистите Ирена Бицевска и Мелиса Куртишова.
Влезницитете по цена од 50 денари ќе се продаваат на самиот влез пред настанот, кој ќе започне во 20:30 часот, во Дом на култура ,,Ацо Ѓорчев’’ Неготино. Сите хумани граѓани можат да донираат на жиро сметката и бројот за донации: Жиро сметка: 200001907750984 Трајче Динов Број за донации: VIP 143461
В.К.