339
Најмалку девет лица, меѓу кои и деца, се повредени во пукотница што избувнала по расправија и тепачка на патека во Холивуд, Флорида, соопшти американската полиција.
Шест возрасни и три деца се меѓу деветте ранети во престрелката, тие се хоспитализирани и сите засега се во стабилна состојба, се наведува во полициското соопштение, пренесува агенцијата АП.
Пукањето се случило вчера на патеката на Холивуд Бич, на околу 17 километри јужно од Форт Лодердејл и 32 километри северно од Мајами, а му претходела тепачка меѓу неколку лица.
Најмалку едно лице е во притвор, но полицијата соопшти дека трага по уште осомничени, според АП.