537
Министерската за труд и социјала, Јагода Шахпаска рече дека состојбата со корона вирусот во градинките почнува да се стабилизира.
„Во градинките состојбата е стабилна. Има само девет позитивни вработени и само шест деца, што значи дека состојбата е стабилна. Значајно е што 76 проценти од вработените во градинките се вакцинирани, а тоа се веќе европски стандарди за степенот на вакцинација и тоа говори за општествената одговорност за грижата за личното и колективното здравје. Се почитуваат протоколите и за тоа би сакала да им оддадам признание, рече министерката.