Детската болница – Козле воведе лабораториски испитувања и во трета смена

by Fokus

Министерството за здравство  информираше дека од минатата недела на Детската болница -Козле, е воведена можноста за вршење комплетни лабораториски испитувања и во трета смена.

– Сите пациенти кои имаат потреба може во било кое време да се јават на дежурен лекар каде ќе добијат комплетна здравствена услуга, вклучувајќи ги и потребните лабораториски испитувања, велат од министерството. Потсетуваат дека Дежурната служба во Детската болница Козле работи секој ден 24 часа – се наведува во соопштението.

Поврзани новости