Малолетници од Струмица брутално со лопата и со секира убиле две кучиња од расата Кане корсо. Сопственикот на кучињата повикал полиција и ветеринар, но било предоцна да се спасат несреќните животни.
За настанот информираше здружението за заштита на животни „Анимал ловерс“ од Струмица, а од таму апелираат до МВР случајот да го истера до крај, а малолетниците на возраст од 14 и 17 години да добијат соодветна законска казна.
-Монструозните дела во Струмица продолжуваат. Две кане корсо кучиња вчера брутално убиени од малолетници. Едното со секира, другото со лопата. Сопственикот викнал полиција и ветеринар на увид, но прекасно. Кучињата се убиени од 14 и 17 годишни ДЕЦА. Бараме Министерство за внатрешни работи да го истера овој случај до крај… сторителите да добијат затворска казна или да одат во поправен дом!!!
Полиција е викана кога кучето од сликата било малтретирано, не дошле. Сигурно и тоа завршило исто. Имаме дојави дека тоа не им е прво убиство на животно!!! Тие малолетници се опасни и за околината!!!
Вакви пријави мора да се сфаќат посериозно во иднина за да не биде предоцна како во сличајот.
Полиција специјализирана за животни е повеќе од неопходна.
Собрание на Република Северна Македонија и премиере Зоран Заев, бараме иницијатива за формирање на полиција за животни. Казни за луѓето кои ги напуштаат милениците и задолжително чипирање“, реагираат од здружението.
Во изминатиот период во Струмица беа забележани повеќе случаи на убивање на животни, а граѓаните најчесто апелираа на социјалните мрежи да се откријат сторителите, објавувајќи фотографии од измачуваните мртви животни.
Вики Клинчарова