Силјановска по повод Велики Петок: Се чуствувам како да го носам најтешкиот крст, плукана сум и навредувана

by fokus

Кандидатката за претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска, по повод Велики Петок се пожали на својот фејсбук профил од односот кој го добива за време на изборната кампања. Таа вели дека е редовно напаѓана од сите, како што вели, на кои не им одговара демократска Македонија.

„Денес е Велики Петок или Распет Петок. Денот кога е распнат Исус Христос. Ова е најтежок ден во Страдалната седмица. Ден кога Исус невино пострадал за спасението на целиот човечки род.

Секој од нас носи венец од трње и тежок крст на плеќите во оваа македонска Голгота.

Јас во моментов се чуствувам како да го носам најтешкиот крст.

По патот сум плукана и навредувана. Од сите на кои не им одговара демократска Македонија каде има владеење на парвото.

Денес на Велики Петок повикувам сите да го пронајдеме во себе Симон и помогнете ми да го однесам македонскиот крст за враќање на политиката во рамки на правото!“, напиша Силјановска.

Денес е Велики Петок или Распет Петок. Денот кога е распнат Исус Христос. Ова е најтежок ден во Страдалната седмица. Ден…

Publiée par Проф.д-р Гордана Силјановска Давкова sur Vendredi 26 avril 2019

Поврзани новости