Георгиев до Заев: Откачи ги ДУИ и преговарај со албанската опозиција за нова Влада

by fokus

Поранешниот потпретседател на СДСМ и универзитетски професор, Гордан Георгиев, му порача на премиерот Зора Заев да ги откачи ДУИ и да преговара со албанската опозиција за формирање на ново владејачко мнозинство. Гласовите за Блерим Река, според Георгиев, покажаа дека албанската опозиција има поголем изборен легитимитет од ДУИ.

-Јас веднаш по вториот круг би му се заблагодарил на ДУИ за услугите во Владата и би дал оставка или би ја ставил Владата на доверба. Тајно би преговарал со албанската опозиција која има  легитимитет. Со 80.000 гласови на Блерим Река тие партии имаат и дополнителен изборен легитимитет и чукааат на врата на Владата. Велат, ‘тука сме, имаме капцитет’. ДУИ само паѓаат. Би си го проверил бројот на пратеници кои ме поддржуваат за премиер. Доколку се согласат албанските опозициски партии да влезат во таа влада – добро, доколку не – ќе одиме на брзи предвремени избори. Таквото откачување на ДУИ може да откочи некои процеси – изјави вчера Георгиев во емисијата „24 анализа“.

Поврзани новости