Деца ќе ја бранат Газа од израелската офанзива

by Fokus

Наводно, командантите на Хамас ги обучуваат училишните деца да ја бранат Газа додека илјадници израелски војници се подготвуваат да ја преминат границата.

Некои од момчињата кои минуваат низ ригорозен тренинг се на возраст од 14 години. Тие се обучуваат за воени вежби и вештини за оружје, според израелската единица за итни случаи.

Организацијата South First Responders (SFR) вчера на Telegram објави фотографии од наводниот тренинг.

СФР вели дека фотографиите се доказ за „циничната индоктринација на палестинските деца“ во она што тие го опишаа како „кампови за обука во воен стил“.

Единицата објави и видео на кое милитантите на Хамас одат од куќа до куќа и ги ловат семејствата што се кријат внатре.

Видеата наводно се направени пред масакрот во Кибуц Кфар Аз и откриваат како Хамас тренира момчиња за следната генерација милитанти, пишува Дејли мејл.

Момци, некои на возраст од 10 години, може да се видат како мавтаат со пушки.

За потсетување, војната во Израел беснее веќе 10 дена, а во конфликтите загинаа повеќе од 4.000 луѓе.

Поврзани новости