Детектор анкета: Македонците сакаат да чекаат на шалтери

by fokus

Близу 60% повеќе сакаат услугите да ги добиваат на шалтер отколку онлајн, покажува последното истражување на јавното мислење кое за Детектор го спроведе Институтот за политички истражувања Скопје.

Според него, 58,2% од граѓаните доколку имаат потреба од одредена услуга преферираат истата да си ја завршат лично на шалтер. Само 33,9% од граѓаните велат дека кога би можеле, работата би ја завршиле онлајн.

Очекувано, повозрасните граѓани имаат повеќе отпор кон компјутерите. Меѓу оние кои се над 60 години само 19,1% услугата би ја завршиле оналјн, додека кај граѓаните на возраст од 18 до 50 години процентот на анкетирани кои рекле дека преферираат услугите да ги добиваат онлајн се движи околу 44%.

Според образовната структура истражувањето покажува дека граѓаните со поквалитетно образование повеќе се вртат кон онлајн административните услуги. Па така ако 62,1% од анкетираните со високо образование изјавиле дека преферираат онлајн административни услуги, ваков став делат само 11,6% од оние кои немаат завршено ни основно образование.

Анкетата на Институтот за политички истражувања Скопје е спроведена од28 февруари до 3 март оваа година врз репрезентативен примерок од 1107 испитаници.

 

Поврзани новости