Детектиран кластер од бразилската мутација на Ковид-19 во Белгија

by Fokus

Триесетина полицајци во Белгија се дијагностицирани позитивни на Ковид-19, од кои кај еден е потврдена бразилската мутација, јави дописничката на МИА од Брисел. Информацијата ја пренесуваат белгиските медиуми денеска.

Полицаецот кај кого е потврдено дека е инфициран со бразилскиот вид на Ковид-19 се наоѓа во карантин, а се прават испитувања врз триесетте други позитивни полицајци. Оваа мутација на вирусот се смета за позаразна од претходните.

Потврдени се уште три лица позитивни на овој јужноамерикански вид на вирусот во земјата. Симптомите не се исти кај сите, еден од нив е тешко болен и е хоспитализиран.

Пациентот „нулта“ не е пронајден и ниту еден од заразените со бразилската мутација не патувал во таа земја, информираат медиумите

Поврзани новости