КХВ и наложи на Македонската берза привремено да го прекине тргувањето со акциите од ЗК Пелагонија

by Fokus

Комисијата за хартии од вредност (КХВ) денеска и наложи на Македонската берза АД Скопје привремено да го прекине тргувањето со акциите издадени од ЗК Пелагонија АД Битола.

Како што соопшти КХВ, тргувањето со акциите од издавачот ЗК Пелагонија АД Битола и другите инволвирани берзански субјекти веќе извесен период се предмет на надзор од страна на КХВ согласно сите закони од нејзина надлежност и за исходот како и досега јавноста ќе биде благовремено известена.

-Нетипичната побарувачка на акциите на ЗК Пелагонија АД Битола, која се одразуваше врз нивната цена, а во услови на недостиг на јавно расположливи информации нужни за проценка на моменталната состојба од страна на друштвото беше причина денеска на 17.02.2021 година, КХВ да и наложи на Македонската берза АД Скопје привремено да го прекине тргувањето со акциите издадени од ЗК Пелагонија АД Битола. По барањето од КХВ, издавачот ја извести Комисијата дека нема сознанија за постоење конкретно ценовно чувствителни информации кои треба да ги објават согласно Правилата за котација на Македонската берза АД Скопје, ниту пак располагаат со информација за евентуална заинтересираност на инвестициски фондови за купување на друштвото, наведува КХВ.

Поврзани новости