Денеска времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност, ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.
Во попладневните часови во западните планински предели ќе има услови за ретка појава на локален краткотраен дожд. Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 24 до 29 степени.
Во Скопје и околината времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Максималната дневна температура ќе се искачи до околу 27 степени.
Потоа особено во вторник и среда локално ќе има повеќе облаци а ќе има и повремен локален дожд. Локално ќе има услови за нестабилност проследена со појава на грмежи. Температурите на воздухот и понатаму нема многу да се менуваат и ќе се искачуваат во интервалот од 23 до 30 степени.
Подготви: Славчо Попоски