„Монструм“ продолжува со сведоци на одбраната

by Fokus 08:19
08:19

Одбраната на обвинетите за петкратното убиство кај Смилковското Езеро во април 2012 година, на денешното рочиште ќе ги престави своите сведоци.

Судскиот предмет „Монструм” е во фаза на доказна постапка. На претходните рочиште сведочеа разни полициски службеници како од Крим техника, така и од Одделениото за претрес, односно од Центарот за известување и командување на МВР. Заедничко нешто на сите овие сведоци беше дека не се сеќаваат добро на настанот, од причина дека се поминати повеќе години.

- Advertising -

За убиството на момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски во април 2012 година обвинети се Алил Демири и Африм Исмаиловиќ (во бегство) и Агим Исмаиловиќ, Фејзи и Хаки Азири и Сами Љута.

Судењето за овој предмет го води судската двојка Огнен Ставрев и Осман Шабани, додека обвинението го застапуваат обвинителите Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски.

Поврзани новости