Филипче: Најостро го осудувам нападот врз колегата, овие луѓе спасуваат животи

by fokus

Министерот за здравство, Венко Филипче вечерва преку својот Фејсбук профил го осуди нападот врз лекарот кој се случи на Клиниката за токсикологија и ги повика институциите да го санкционираат.

-Денеска физички беше нападнат колега, лекар на Клиниката за токсикологија. Најостро го осудувам овој чин, нема оправдување за насилство. За жал, ова не е прв ваков инцидент, лекарите често се изложени на вербални и физички напади. Да не заборавиме дека овие луѓе се грижат за нашите блиски и спасуваат човечки животи. Насилството не е решение и не смее да биде. Ги повикувам институциите целосно да го истражат случајот и соодветно да санкционираат, напиша Филипче.

Поврзани новости