Детално метео: По преодната промена на времето, следува стабилизација

by fokus

До крајот на денов ќе имаме претежно облачно и свежо време, ќе има и повремени локални врнежи од дожд и тоа особено во текот на претпладневно и околу пладне. На повисоките и на планинските места ќе има повремени врнежи од снег, сето ова ќе биде проследено со умерен до засилен ветер од северен правец. Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 4 до 12 степени.

Потоа од утре па во следните неколку денови следува период на претежно стабилно, суво и сончево време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец кој во сабота повторно и тоа особено долж Повардарието ќе биде засилен по интензитет.

Минималните температури на воздухот ќе се спуштаат во интервалот од -5 до 2 степени, на повисоките и планинските места ќе биде постудено. Максималните дневни температури пак од недела повторно ќе бележат тенденција на пораст. Истите на многу места ќе се искачуваат над 10 степени, во најтоплите предели се очекува максималните температури да се искачат и до околу 20 степени.

Подготви: Славчо Попоски

Поврзани новости