Под влијание на нов брз бран на врнежи денеска и тоа особено во претпладневните часови од запад кон исток ќе се преместуваат повремени врнежи од дожд кој локално ќе бидат и со умерен интензитет и се очекува да наврнат околу 10 л/м2 воден талог додека на најнвисоките планини ќе има услови и за слабо провејување на снег. Ќе има услови и за ретка појава на грмежи.
Ќе дува слаб до умерен, повремено на некои места до засилен ветер од јужен и од југоисточен правец а максималните дневни температури денес ќе се искачуваат во интервалот од 11 до 19 степени во најтоплите предели од државава.
Престанок на врнежите и намалување на облачноста ќе имаме уште ова попладне и вечер додека ново зголемување на истата и нов бран на врнежи ќе имаме веќе од утре попладне а особено навечер како и во среда кога ќе има услови за локална појава и на нестабилност проследена со грмежи. На највисоките планини повторно ќе има услови за провејување на снег.
Со новиот бран на врнежи од утре попладне и навечер локално врнежите ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ.
И покрај ова температурите на воздухот нема многу да се менуваат и максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 11 до 19 степени.
Подготви: Славчо Попоски