Живот на потрошувачки кредит

by fokus

Брзото одобрување на средствата и каматната стапка се најважните услови за граѓаните при изборот од каде ќе земат кредит кога им се неопходни средства. Меѓу важните критериуми ги наведуваат и тоа дали им треба жирант, колку вкупно ќе вратат, а кај некои само колку ќе биде ратата за кредитот.

Потрошувачките кредити се најбараните во банките. Податоците на Народната банка покажуваат дека заклучно со 30 јуни 2019 година се издадени потрошувачки кредити во износ од 89.389 милиони денари, каматната стапка кај денарските кредити со девизна клаузула се движи од 3,30 до 6,17 отсто, а кај кредитите без девизна клаузула од 5,09 до 6,91 отсто. Кај потрошувачките кредити во евра се движи од 4,03 до 5,84 отсто, а просечната е 5,46 отсто. Просечната каматна стапка кај сите кредити изнесува 5,84 отсто.

Пари секогаш се потребни, велат од банките, дали за обнова на дотраен апарат во домаќинството, за нов мебел, нов компјутер, за студии за децата, за патување, убав одмор.

Поврзани новости