Јанушев: Во моментов не размислуваме за широка коалиција

by fokus

Во овој момент не размислуваме за никаква широка коалиција, ВМРО-ДПМНЕ ќе биде победник со доста сериозна разлика во однос на СДСМ, изјави генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев во емисијата „Трилинг“ на телевизија 24.

-Сега размислуваме на тоа како уште повеќе да ја зголемиме таа разлика и да имаме уште поубедлив резултат на изборите. Тоа е тоа што ќе го правиме до 12 април. Воопшто не размислуваме за влегување во Влада со Зоран Заев, рече Јанушев.

Тој изјави дека неговата партија ќе коалицира со секој кој ќе ги прифати принципите на работа на ВМРО-ДПМНЕ.

-Прерано е да се каже со кого ќе коалицираме, ние како ВМРО-ДПМНЕ сме во сериозна комуникација со сите албански партии, и тие и сите останати, да почекаме да завршат изборите да видиме какви ќе бидат изборните резултати, рече тој.

Според него, секогаш има кандидати за министри, но е прерано да се зборува за нив, веројатно е дека ќе бидат објавени пред 3-ти јануари.

Поврзани новости