Во текот на денешниот ден времето во нашата држава ќе биде сончево и топло со умерена облачност. Во попладневните часови локално ќе има услови за развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи, засилување на ветерот и услови за ретка појава на град. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југозападен правец и истиот повремено ќе засилува. Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 30 степени.
Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и топло со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец, додека во попладневните часови ќе има услови за локален краткотраен дожд и грмежи. Максималната дневна температура на воздухот ќе се искачи до околу 27 степени.
Потоа во текот на следните денови во претпладневните часови времето ќе биде сончево со умерена облачност, во попладневните часови локално ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за локална појава на град. Најголеми услови за локално невреме во попладневните часови ќе има утре. Максималните дневни температури ќе бидат околу просекот за овој дел од годината и ќе се искачуваат во интервалот претежно од 23 до 30 степени.
Подготви: Славчо Попоски