Десничарските партии во преговори за трет политички блок

by fokus

Помалите партии, главно десничарски ориентираните, се во фаза на преговори за настапување на изборите како трет блок политички партии.

Неофицијално, во преговори се ВМРО-Народна партија на Љубчо Георгиевски,Обединети за Македонија на Љубе Бошковски, Достоинство на Стојанче Ангелов, како и Коалицијата за промени и правда, во која членува ФРОДЕМ, ДЕМОС, МОРО – Работничка партија и Демократскиот сојуз, јави 24 Вести.

Павле Трајанов од Демократскиот сојуз, потврдил дека партиите разговарале за формирање на трет политички блок.

„Ќе биде еден силен политички блок, кој во основа ќе настојува да ги промени системските работи во Република Македонија за одговорноста да биде на прв степен“-изјави Трајанов за 24 Вести.

Иако имаат заеднички цели, Трајанов ја исклучува можноста за коалицирање со СДСМ.

 

 

 

Поврзани новости