Десковска: Законските измени отвараат пат за смена на власта

by Фокус 12:29
12:29

Уставот е скршен со масовното незаконско прислушкување, со неказнувањето на претставниците на власта за криминал и корупција, со партизирањето на судството од страна на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, со претварање на Уставниот суд во марионета на власта која носи различни одлуки за исто прашање зависно од потребите на власта…

Вака пратеничката од СДСМ, Рената Десковска, која воедно е универзитетска професорка по уставно право, одговори на нападите дека законските измени што произлегоа од политичкиот договор за излез од политичката криза биле неуставни.

-Со законските измени отвараме пат за избори на кои конечно власта на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ ќе биде сменета – рече таа.

Поврзани новости