585
Министерката за образование и наука Рената Дескоска изјави дека со ревизија ќе бидат опфатени сите учебници во кои се нотирани грешки, невистинити факти, дискриминаторски содржини и говор на омраза, предрасуди и стереотипи.
– Ревизијата нема да биде ревизија на факти, туку на невистинити факти. Некои работи што се случиле, ниту јас, ниту кој било друг не може да ги бриши од историјата – потенцира министерката.
Таа истакна дека во нејзиниот мандат МНР не побарало од МОН формирање заедничка комисија со Грција за ревизија на учебниците.