Дескоска: Опозицијата инсистира истрагите и предистрагите на СЈО да запрат!

by fokus

Министерката за правда Рената Дескоска, во вечерашното гостување на Телевизија 24, рече дека има сериозни пречки за носење на законското решение за СЈО.

-Ние не смееме да си дозволиме амнестија на одредени криминални дејанија. Аргументот на опозицијата е дека постапките отворени по рокот од 18 месеци за подигање на обвинение, се отворени од неовластен обвинител. Некогаш за одреден предмет постапува обвинителството во Велес, па кога ќе се утврди дека ова обвинителство не е надлежно, предметот се предава на пример на обвинителството во Битола. Значи, постапката се предава, не запира. Доколку СЈО е неовластено, тогаш јавниот обвинител нека ги проследи до надлежното обвинителство, рече Десковска.

Таа додаде дека засега со опозицијата не наишле на заеднички јазик.

-Опозицијата бара овие постапки да запрат. Нивното инсистирање е да се стави во законот прекинување на постапката, вели Дескоска, која коментира дека тоа е скриена амнестија.

И премиерот Зоран Заев истакна дека не можеле политичарите да кажат кои постапки да запрат, бидејќи тоа е работа на обвинителите.

-Не може Заев или Мицкоски да утврдуваме што е издржана истрага. Никој не знае кој предмет кај кој обвинител ќе заврши. Негова работа и одлука е дали некоја постапка ќе продолжи или да запре, рече Заев.

Поврзани новости