Дескоска: Нема да дозволиме долговите што ги направи ВМРО-ДПМНЕ да ги загрозуваат студентите

by Fokus 09:06
09:06

„За жал студентите во Студентскиот дом Гоце Делчев можеа да ги почувствуваат последиците од недомаќинското работење на ВМРО ДПМНЕ во претходната власт. Долговите коишто беа оставени во сите сфери, останаа и во доменот на образованието, истакна новата министерка за образование Рената Дескоска, откако беше решен проблемот со исклучената струја во Студентскиот дом.

– За жал голем дел од средствата коишто требаа да бидат обезбедени за образованието, биле истрошени за непродуктивни трошоци, што практично направија големи обврски, заостанати долгови на студентските домови, на училиштата. При тоа се загрозува детскиот стандард, училишниот стандард и начинот на редовно одвивање на наставата во училишта. За жал, на претходната власт, на ВМРО ДПМНЕ, приоритет им беше градење на споменици, наместо инвестирање во студентски стандард и она што значи подобар живот на студентите – истакна Дескоска.

- Advertisements -

 

Поврзани новости